Судот во Русија му наредил на породилиштето во градот Копериск на Урал да им плати по 100 илјади долари оштета на двете семејства чии бебиња биле случајно заменети по породувањето. Двете семејства, благодарение на ДНК тест, дознале дека нивните ќерки кои сега имаат по 12 години биле заменети по породувњето.
Медиумите пренеле дека семејствата биле задоволни со пресудата и дека компензацијата која ја добиле е доволна за руските стандарди, каде месечните примања се околу 500 долари. Семејствата изјавиле дека размислуваат да купат куќи една покрај друга како би останале во близок контакт.