Осасуна од Памплона е екипата која во сабота, на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го предизвика Жозе Мурињо и големиот Реал Мадрид.


Поратугалскиот стратег Жозе Мурињо на домашен терен нема пораз во националните првенства на Португалија, Англија и Италија, цели осум години.

Во овој период, Мурињо со своите екипи, Порто, Челзи и Интер, оствари фантастични 111 победи и 25 нерешени резултати, со гол разлика 294:81.

Последниот пораз кој го доживеа „Специјалниот“ беше во 2002 година, тогаш Порто со 2:3 загуби од Беира Мар.

Ohridnews