Дваесет и седум годишен студент од Њујорк го постигнал она за што сонуваат голем број мажи – има девојка која не зборува, нема потреби, не нервира, а сепак реагира на него кога ќе легне со него во кревет. Единствен недостаток на оваа идеална девојка е тоа што не е од крв и месо.

Презафатениот студент Дру Бароус поради многуте обрврски кои го спречувале да одржува нормална врска секоја вечер легнува во празен кревет. Одлучил да стави крај на тоа и изработил напреден систем кој го нарекол ИНБЕД. Системот се состои од душек сместен во темна просторија, низа инфрацрвени сензори и проектори.


ИНБЕД му овозможува на Дру секоја вечер наместо во празен кревет да легнува со убава бринета, која реагира на секое негово движење во постелата – се доближува до него или едноставно легнува на грб. Недостатокот е тоа што девојката не може да се допре бидејќи се работи за дводимензионална проекција.

Својот изум за осамени Бароус оваа недела го покажал на саемот Interactive Telecommunications Program Spring Show одржан на Њујоршката академија за уметност.