Јапонката Наоми Осака и Белорусинката Викторија Азаренка ќе се сретнат во финалето на американскиот грен слем турнир.

Осака во полуфиналето ја совлада Американката Џенифер Брејди со 2-1 во сетови (7-6, 3-6, 6-3), додека Азаренка со идентичен резултат 2-1 (6-1, 3-6, 3-6) славеше во дуелот со најтрофејната тенисерка Серена Вилијамс.

Јапонката во финалето на УС Опен ќе се бори за третата титула од грен слем титула, а Азаренка во третиот обид ќе се обиде да стигне до првата титула во САД.

OhridNews