Леталата на соларен погон можеби се тешка задача за научниците, но за мајката природа се ситница. Врстата оси vespa orientales, во себе има фотоволтажна плоча, која произведува електрична енергија која и помага во летањето. Тајната е во една линија жолта боја која го прекрива стомакот на инсектот.


Пигментот ксантоферин ја примал сончевата енергија и ја трансформирал во струја, која осата ја користела кога одела во потрага за храна. Под микроскоп структурата на стомакот на инсектот изгледал многу комплексно, а била сочинета од испакнати ќелии со шестоаголен облик со големина од 50 нано метри, со вдлабнатинки во средината.