Време е за првото дерби во новата сезона. На гости во сабота доаѓа Тиквеш, еден од конкурентите за висок пласман и излез во ракометна Eвропа. „Гладијаторите“ најавуваат голема борба и продолжување на победничката серија.

Ова ќе е многу важен натпревар за нас. Тиквеш е наш голем ривал, ќе дадеме се од себе да триумфираме на овој меч и да ја продолжиме низата на победи, вели левиот бек на ГРК Охрид, Теимураз Орјоникидзе.

Натпреварот се игра со почеток во 18:30 часот во салата „Билјанини Извори“. Цена на билетот е 100 денари.

OhridNews