Бомбардерот Тимо Орјоникидзе ја продолжи соработката со ГРК Охрид до 2025 година.

Грузискиот интернационалец е еден од носителите на играта на Охрид сезонава, а продолжувањето на договорот само ги потврдува високите амбиции на ГРК Охрид кој атакува на ракометна Европа.

Претходно Охрид ја продолжи соработката со крилото Крсте Андоновски и голманот Даниел Ѓорѓески, како и со Кукоски, Бојаниќ, Шипинкоски, Тасески и Цирар.

Г.М.