На 12.03.2025 во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 71 годишно лице од с.Делогожда, струшко.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Брно ЗХ 321“ калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8х57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола. При претрес во неговото возило „хјундаи“ со швајцарски национални ознаки, кое било паркирнао во дворот, биле пронајдени и одземени ловечка пушка карабин 8х57 „Црвена Застава“, ловечки патрони калибар 16 милиметри и куршуми калибар 8х57 што нелегално ги поседувал, информираат од СВР Охрид.

По целосно расчистување и документирање на случајот, посочуваат, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews