Колони нервозни возачи петнаесетина минути чекаа да заврши орото што на сред улица го развија учесниците на Балканскиот фестивал. За време на дефилето на учесниците на фестивалот, помалку невообичаено играорците се разиграа на улицата „Македонски просветители“ на пресекот со „Димитар Влахов“. Нивниот настап со интерес беше проследен од минувачите, но не и од возачите кои беа приморани да чекаат во колона да заврши орото.


Оро го запре сообраќајот во Охрид

Ohridnews