Реконструкцијата на патните правци кои ги поврзуваат општинските центри со селските населби низ Македонија е проект кој потекнува од 2008 година за што е доделен и кредит во износ од 70 милиони евра. Обврска на државата беше да се распишат рокови за аплицирање, на кои свои проекти за рекострукција на локални патишта , доставуваа сите општини.
-Општина Охрид уште од 2008-мата година аплицираше за реконструкција на патните правци кои ќе ја осовременат патната инфраструктура на селата Велгошти, Орман и Лакочереј. За сите нив, според Договорот за кредитот од Светска Банка за Македонија, изработени се соодветни елаборати и проекти за реализација.-рече Емин Селман од Секторот за Комунален развој при Општина Охрид.
Тој нагласи дека Општина Охрид била максимално ангажирана за што побрзо да се реализираат овие проекти. Потврда за тоа е фактот дека тие се редовно внесувани во годишните Програми , наменети за комуналната сфера во градот, а истите се усвоени и од Советот на општината во 2008, 2009 и 2010. година.