Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз во групата од  Медитеренаските игри. Србија со 27-19 ја преслуша селекцијата на Македонија и ги сведе шансите на минимум за пласман во понатамошната фаза.

Репрезентативците во три натпревари имаат два порази и една победа над Алжир. Во последната рунда од групата Македонија ќе се сретне со селекцијата домаќин на Медитеренските игри, Турција.

На мечот со „орлите“ најпрецизен беше Стојанче Стоилов со пет погодоци, Георгиевски постигна четири, а Јовчески и Лазаров реализираа по три.

Мх.П.