Холивудскиот актер Орландо Блум не тагувал долго по раскинувањето со манекенката Миранда Кер, а замена пронашол во француската актерка Нора Арнездер. Откако Блум и Миранда Кер објавиле дека се разведуваат во октомври минатата година, британскиот актер не чекал многу за да пронајде замена за убавата манекенка. Актерот бил виден во Лос Анџелес како се вози на мотор со Нора, по што отишле на вечера и пијалок.
Извори блиски на актерот навеле дека Орландо и Нора седеле во зафрлено сепаре во ресторанот, како никој не би ги вознемирувал. Нора неодамна станала препознатливо на американската јавност, откако се појавила во неколку кино хитови, како „Сигурна куќа“ со Дензел Вашингтон и во независниот филм „Анџелика“.