Холивудскиот актер Орландо Блум папараците го фоготрафираа на една плажа во Лос Анџелес во друштво на мистериозна девојка. Актерот својата партнерка ја одведе на сурфање, а освен што како вистински џентлмен ја донесе и нејзината даска за сурфање до брегот, Блум се обиде и да ја научи својата нова избраничка на оваа спортска дисциплина.

 

Иако холивудскииот срцекршач и мистериозната црнка се обидеа да се „маскираат“, сепак острото око на папараците успеа под камерата да го препознае славниот Орландо. Се чини дека Блум ужива во статусот на слободен маж, а медиумите веќе го поврзуваа со многу девојки, вклучувајќи ја и Клои Бартоли, пријателка на неговата поранешна сопруга Миранда Кер.