Актерите Орландо Блум и Кондола Рашад оваа есен ќе играат заедно во модерна бродвејска продукција на „Ромео и Јулија“ на Вилијам Шекспир. Новата, модерна верзија на претставата, ќе содржи и елементи на расни разлики, семејството Капулети ќе го глумат афроамерикански актери, додека Монтеки ќе ги играат белци, пренеле агенциите.

Режисерот Дејвид Лево истакнал дека идејата за истражување на расните разлики во однос на двете спротиставени италијански семејства дошла по кастингот за главните актери. Премиерата на претставата ќе биде одржана на 19 септември.