Австралискиот модел Миранда Кер родила син во болницата во Лос Анџелес. Миранда во утринските часови била примена во болницата поради породилни болки. После извесно време таа и Орландо добиле син. Веста ја потврдиле пријателите на парот. Со манекенката за време на породувањето биле и нејзините родители Тереза и Џон.
Гласините дека чекаат син се појавиле уште кога Миранда додека била бремена купувала облека за момчиња. Миранда порачала дека и покрај тоа што бебето било родено во САД, тоа ќе биде вистински Австралијанец. Парот се венчал минатата година во тајност. Се запознале 2007 година, а претходно кратко време биле пријатели.