Орландо Блум (31) им признал на пријателите дека е лудо заљубен во бившата сопруга на Бред Пит, Џенифер Анистон (39) која ја запозна кога го снимаше филмот Троја.


Искрите меѓу нив пламнаа уште во 2004 година кога Орландо со Бред Пит го снимаше филмскиот спектакл Троја. Џенифер тогаш беше во брак со Бред Пит, па Орландо се откажа од било какво врзување со актерката. Пред месец дена парот бил забележан во Лос Анџелес на интимна вечера, а последен пат се видени заедно претходниот викенд. Орландо викендот го помина во друштво на Џен и нејзините најдобри пријателки Кортни Кокс и Ева Лонгорија.
– Тој во Џен е заљубен подолго време, а највеќе ја сака нејзината позитивна енергија – вели еден неименуван извор.
Веселата екипа се забавувала на забавата на фризерот Кен Павес.
– Орландо се дружеше со сите, но неговите очи постојано беа вперени во Џен – кажува изворот.