Британската пејачка Кеша Бјукенан ги потврди гласините за повторното обединување со тоа што објави слика од триото онлајн.
Бјукенан, Мутја Буена и Сиоба Донахју ја формираа женската група во 1998 година и се стекнаа со слава во 2000 година со нивниот деби албум, но во последователните години, една по една го напуштија бендот кој сега се состои од Хајди Рејнџ, Амели Бераба и Јаде Евен.
По заминувањето на оригиналните “Sugababes” следеше легална битка за името која беше добиена од Буена минатата година, предизвикувајќи гласина дека триото планира повторно да се обедини.
Буена ги негираше шпекулациите на почетокот на оваа година, но Бјукенан го објави камбекот со тоа што постираше фотографија од трите ѕвезди на нејзината страница на Твитер на 20 јули оваа година.
Под сликата таа напишала: “Драги твитерџии јас многу се обидував да го сочувам ова”. Донахју додала: “Нас не убиваше криењето на оваа тајна! Возбудена сум да ви објавам дека се вратив да работам со моите оригинални девојки од 90тите.”
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com