-Ретки се државите кои можат да си дозволат производство исклучиво на органска храна. Во Македонија се оди на употреба на средства одобрени од ЕК, односно ќе се применат сите можни мерки за контрола на активните фитосанитарни средства, со што ќе се гарантира безбедноста на храната.-рече во изјава за медиумите Станислава Лазаревска, претседателот на Здружението за заштита на растенијата во РМ, кое е домаќин на советувањето за заштита на растенијата во Македонија. Таа истакна дека од 2007 година Македонија ги следи европските трендови, преку имплементацијата на тогаш донесениот Закон за производи и заштита на растенија.
Државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Бесир Јашари во обраќањето пред учесниците, истакна дека научните достигнувања за подобрување на безбедноста во производството на храна се од исклучително значење за обезбедување на здрава храна.
-Праксата и науката за заштитата на растенијата секогаш се поврзани, со цел да се произведе квалитетна и безбедна храна. Оттаму верувам дека ова советуување ќе биде основа за пренесување на научните достигнувања, нивна имплементација во праксата и реално согледување на ефектите од нивмната примена во производството.-рече Јашари.