Иако општината ги откажа предвидените празнични свечености и манифестации, поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски, организиран дочек на Новата година во Охрид сепак ќе има во организација на Здружението на охридскиот угостителски еснаф и ХОТАМ.

На новогодишната забава под отворено небо на градскиот плоштад, на 31 декeмври, ќе настапат Ѓоко Танески, Жармена, групите Бетис Бупс и Бекдор бенд и ди-џеј Петар.

Сместувачките капацитети во Охрид за Нова година се речиси целосно исполнети, а најбројни се гостите од опкружувањето.

OhridNews