Зошто би се организирале само саеми за венчавки и венчаници? Истото најверојатно се запрашале и организаторите на сосема поинаквиот саем за разводи. Италијаните го организирале својот прв саем за разводи, нудејќи услуги за самопомош и совети за разубавување поради се поголемиот број на разводи. Организаторите најавиле дека саемот ќе се одржи во Милано, а целта им е луѓето по разводот да започнат нов, подобар живот.


Во услугите кои ќе се нудат се вбројуваат оние кои се за планирање на разводот, помош во борбата против љубомората и опсесијата на партнерот, како и совети за нов изглед. Според статистиката во Италија секоја година расте бројот на барања за развод, а во 2007 година имало околу 130 илјади разводи.