Организациски хаос на Сребрениот маратонски јубилеј
09.09.10 07:05
Иако сребрен, организацијата на 25-от јубилеен маратон потсетуваше небаре прв или втор пат охриѓани да организираат ваков настан. Ако квалитативно трката ги оправда очекувањата, соборен беше рекордот на патеката во женска конкуренција, сериозни пропусти имаше во организацискиот дел на целната рамнина на градското пристаниште.
Шеталиште или цел ?
Просторот на целта каде пристигнуваа натпреварувачите, повеќе наликуваше на пазар отколку место каде финишираат маратонците. Местото воопшто не беше обезбедено, па така секој еден посетител можеше комотно да застане до целта и рамо до рамо со судиите да го гледа финишот на трката.
Судија, кое е времето?
Таквата мешаница, на целта не даде јасен преглед на случувањата , а недоволни беа апелите на водителот на манифестацијата Зоран Михајлов, да се поместат гледачите ако не друго барем маратонците по пристигнувањето да може да дишат.
И Батистута пристутен
Дополнителен проблем за оние кои го следеаа маратонот беше движењето на возилата кои минуваа во обратна насока од трчањето на натпреварувачите. Добра страна од тоа што гледачите беа блиску (п)оставени до целта беше тоа што , ако не друго им се најдоа при рака на маратонците, па така тие несебично им подаваа вода на маратонците или ги упатуваа на фонтаната каде може да се освежат, бидејќи на целта не се знаеше “кој вода носи, кој трева коси“.
не гази на тревата
И за гледачите но и за маратонците видлив беше недостатокот на места за седење, и едните и другите ги запоседнаа неколкуте клупи во паркот, па вистинска борба се водеше за неколкуте слободни места , а маратонците мораа на кејот да одат за да се освежат.
една од ретките интервенции
За среќа во таа мешаница лекарскиот тим немаше многу работа, и тоа малку што го имаа навреме успеаа да го решат.
Охридските стрелци бележат два последователни настапи на Државното првенство и вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма Двата натпревари се одржаа на стрелиштето во Битолската ...
Во среда не очекува тежок натпревар против екипата на Алкалоид со која имаме одиграно неколку натпревари оваа сезона Ова е многу важен натпревар за двете екипи Имаме неколку повредени играчи Се над...
Се одигра шестото коло од Бизнис лига Охрид 2025 во шах во организација на ШК Ласкер Охрид На Бизнис лига Охрид 2025 во шах учествуваат 7 екипи: Опен ГИ Охрид, ВА Пласт Охрид, ЈП Нискоградба Охрид,...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.