Организаторите по испорачаните барања го прогласија протестот за „Монструм“ за завршен. Дел од учесниците во протестот одбиват да се повлечат и фрлаат со различни предмети кон полицискиот кордон. Поединци од протестот се обидуваа да предизвикаат инциденти.

Екипата на МИА беше нападната на протестот, по што привремено беше прекинат преносот во живо.  Полицијата се обидува да ги растури насилните групи.

Учесниците во протестот се на дистанца од стотина метри од полицискиот кордон и се наоѓаат на локацијата на Бит Пазар.

OhridNews
Извор: „Миа“