И покрај апелите од Ј.П.”Охридски Комуналец” до сите организатори на манифестации од јавен карактер, пред секоја ваква манифестација да склучат договор со Ј.П.”Охридски Комуналец” за вонредно чистење на јавните површини со соодветен надоместок, дел од нив ги игнорираат обрските кои по Законот за јавна чистота треба да ги почитуваат.


Како што велат од ЈП Комуналец, вчеравечер, на градскиот плоштад се одржала манифестација, со која организаторите вршеле промоција на производи, без претходно да ги регулираат своите обрски со Ј.П.”Охридски Комуналец”. По завршување на промоцијата организаторот ја подигнал бината и си заминал.


Отпадот кој останува после ваквите манифестации нашите служби треба да го подигаат вонредно, а воедно треба да ги исполнат и тековните задачи- се ангажира и специјално возила за подигање на отпадот, велат од ЈП ” Комуналец”.

Ohridnews