Во Бахреин треба да се одржи годинешната прва Гран При трка во Ф-1 на 13 март.

Меѓутоа во земјата се случуваат антивладини демонстрации и судири на демонстрантите со полицијата. Во главниот град Манама при последните демонстрации две лица го загубија животот.

Сопственикот на Ф-1 Берни Еклестон изјави дека внимателно ја прати ситуацијата во Бахраин. Од друга страна Извршниот директор на организациониот одбор за ГН на Бахреин шеикот Салман Бин Иса Ал Калифа изјави дека ќе ги преземат сите мерки кои се неопходни првата трка да заврши во најдобар ред.

Инаку една недела пред одржувањето на трката ќе се вршат и тестирањата на патеката.

“извор Макфакс“
Ohridnews