Еден дресиран орел нападнал на сред улица Австралијанка и и ја зел ташната. Птицата ја нападнала 69-годишната жена, и ја истргалa ташната од рацете и неколку метри подалеку се спуштила да ја провери нејзината содржина.
Жената ја алармирала полицијата која успеала да го фати орелот и да го пронајде неговиот сопственик. сопственикот изјавил дека орелот е дресиран и дека не е воопшто опасен, а сосемa случајно ташната била со ист облик и иста боја како и торбата во која ја чува храната за птицата. Тој објаснал дека орелот најверојатно бил гладен и дека мислел во ташната ќе пронајде храна.