Искусниот стратег Ѓоре Јовановски и моменталниот селектор на У21 репрезентацијата, Благоја Милевски најверојатно ќе бидат кандидатите за селекторското место во А репрезентацијата.
Селекторското место ќе остана празно после 30 јуни кога му истекува договорот на Игор Ангеловски, кој успеа да ја одведе репрезентацијата на Европско првенство.
Ангеловски рече дека причините за заминување од А селекцијата се добро познати на јавноста. На долго и широко се говори дека односите на релација селектор и ФФМ не се на иста бранова должина, што ќе резултира со разделба.
Милевски би бил логичен избор за нов селектор, бидејќи низ неговите раце поминаа речиси сите сегашни репрезентатвци, кои беа дел од младата селекција. Заинтересираност за селекторската позиција покажал Јовановски, кој сам ќе се пријави на конкурсот.
Фудбалската федерација на Македонија ќе има тешка задача и предизвик да го избеере наследникот на Ангеловски, кој постави високи стандарди на секое ниво од репрезентацијата.
OhridNews