Немилиот настан се случил во Русија. Наводно пациент (56) недолично се однесувал кон медицинска сестра, по што во ординацијата влетува разлутен хирург кој го напаѓа пациентот и неговиот пријател. Разулавениот доктор со тупаници му задава смртоносни удари на пациентот од кои тој починал на лице место. Докторот се обидел со реанимација, но не успеал да го спаси животот на несреќниот пациент.
Докторот заработил отказ и е под истрага за инцидентот.