Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска во Охрид со „Орден за заслуги за Македонија“ ќе ги одликува „Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и шестмина членови на странски академии на науки и уметности.
Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, како што соопшти кабинетот на претседателот, е одликуван за неговиот исклучителен четиридеценски придонес во координирањето на активностите во презентирањето на македонскиот јазик и македонската литература и култура, како и за развојот на соработката со славистичките центри во светот.
Претседателот Црвенковски со “Медал за заслуги за Македонија” одликува и шестмина членови на странски академии на науки и уметности. Со “Медал за заслуги за Македонија” за исклучителен придонес во афирмирањето и популаризацијата на современиот македонски јазик, литература и култура во нивните земји ги одликува академиците_ Рина Павловна Усикова од Руската Федерација, Влоѓимјеж Пјанка од Република Полска, Нуло Миниси од Република Италија, Иван Доровски од Република Чешка, Хораст Лант од Соединетите Американски Држави и посмртно Франтишек Вацлав Мареш од Република Чешка за афирмацијата на македонскиот јазик за време на неговиот долгогодишен престој и работа во Република Австрија.
ohridnews