Документарната серија за животот на Мајкл Џордан, „Последниот танц“ привлече големо внимание во Соодинетите американски држави (САД) и кај љубителите на кошаркарката од целиот свет. Серијата има десет епизоди и по две се емитуваат на „ЕСПН“ телевизијата во САД.

Џордан, за потребите на документарецот понудил и открил се што имал од својата кошаркарска колекција, но ставил вето да се снимаат епизоди или кадри во неговиот дом. Легендарниот кошаркар не сакал ништо да открива од приваниот живот, се со цел сите да се фокусираат на кошарката.

Поранешната прва виолина на Чикаго во досегашните шест епизоди зборуваше за ривалството со „Лошите момци“ од Детроит, многу ситуации со неговите соиграчи Пипен, Кукоч, Родман и Стив Кер. Документарецот после десеттата епизода се очекува да ги сруши сите рекорди на гледаност и Џордан уште еднаш да го потврди кошаркар број еден во историјата.

OhridNews