Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков, Јордан Пуроски е именуван за В.Д. директор на ООУ „Св. Климент Охридски“. Пуроски  претходно раководеше со институцијата во периодот од 2013 до 2017 година.

Пуроски кој доаѓа на местото на Наташа Танеска е магистер по информатички технологии и професор по предметот информатика. Новоименуваниот директор упати благодарност до градоначалникот Пецаков за дадената доверба, информираа од Општина Охрид. 

OhridNews