Капитенот и предводникот на Ливерпул, Џордан Хендерсон се закити со награта фудбалер на сезоната во англиската Премиер лига.
Хендерсон, престижната награда од англискиот весник и таблоид „BBC“ ја освои со 23% од гласовите во анктетата во која учествуваа љубителите на фудбалот и новинарите.
На втората позиција заврши соиграчот на Хендерсон, Садио Мане, кој освои со 17% од гласовите. Во ТОП 3 место имаше и за фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујне.
Англискиот репрезентативец сезонава одигра 25 натпревари во Премиер лигата и успеа да постигне три погодоци. Моментално, сезоната во Англија е прекината поради пандемијата на вирусот Ковид -19.
„BBC“, традиционално го составува и идеалниот тим на сезоната. Во него има дури седум играчи на Ливерпул (Алисон, Ван Дајк, Трент Арнолд, Робертсон, Хендерсон, Салах и Мане), двајца свои претставници има Манчестер Сити (Агуеро и Де Брујне), а Лестер и Манчестер Јунајтед во имињата на Сојунчо односно Бруно Фернандеш имаат по еден претставник.
OhridNews