Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека „предлогот на Европската комисија за забрана за употреба на руската нафта во Унгарија е поразен“.
Унгарските семејства можат мирно да спијат бидејќи најнечуената идеја е отфрлена, напиша Орбан на Фејсбук.
Унгарија, која покрива 65 отсто од потребите за нафта од Русија и 85 отсто од потребите за гас беше единствената што одби воена помош да оди преку нејзината територија и не испрати воена опрема во Киев.
Овој потег налути многу лидери на ЕУ, вклучително и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
OhridNews