Од името на Европската Унија, евроамбасадорот Аиво Орав поднел нота до Министерството за надворешни работи на Македонија поради прислушувањето амбасадори. Во нотата, тој, барал да се почитува Виенската конвенција за дипломатски односи. Неговата реакција следува, откако неколку амбасадори од земјите-членки на ЕУ од СДСМ добиле транскрипти со свои телефонски разговори. Непочитувањето на одредбите на Виенската конвенција значи прекршување на меѓународното право, но без некои конкретни казнени одредби, освен политичка реакција, а можно е да се оди и до отповикување на амбасадорот на одредено време или протерување на амбасадорот на државата што ја прекршила конвенцијата.Во т.н. проект „Вистината за Македонија, се замешани најмалку шест амбасадори чија телефонска комуникација исто така била цел на прислушувачите.

Досега само Ернесто Белели, италијанскиот амбасадор во Македонија, изјави дека добил транскрипти од СДСМ од негови телефонски разговори. На листата на амбасадори што добиле папка од СДСМ најверојатно се и американскиот, бугарскиот и словенечкиот амбасадор.

OhridNews

извор Телма