Тори е тинејџерка со една лоша навика – петнаесетгодишната орангутанка веќе десет години во зоолошката градина пуши цигари, но, наскоро најверојатно ќе мора да престане да пуши.
Чуварите планираат да ја преселат Тори далеку од посетителите кои редовно во кафезот и фрлаат запалени цигари, за да ја фотографираат додека пуши.
Директорката на зоолошката градина во градот Соло во Јава, рекла дека целта на преместувањето на Тори е да се заштитат четирите загрозени орангутани во тој резерват за животни, кој се простира на 14 хектари.
Најпрво преку кафезот на Тори ќе биде префрлена мрежеста прекривка, а потоа младата орангутанка ќе биде преместена на помал остров, далеку од луѓето.
Се очекуваат и медицинските резултати за тоа колку пушењето го нарушило здравјето на Тори.