Научниците кои анализирале 20 години собиран материјал тврдат дека орангутаните се способни со мимики да им објаснат на луѓето и едни на други што сакаат. Научниците забележале 18 различни ситуации во кои орангутаните користат комплексна мимика и пантомима за да дојдат до она што го сакаат.


На пример тие држат некој предмет над главата кога сакаат чадор. Професорката Ана Русон вели дека тие сознанија ќе помогнат при понатамошните истражувања за развивање на човековиот говор.