Орангутанот Ујиан сам го научил и усовршил свиркањето. Снимил албум на кој свирка неколку познати песни. Музичкиот продуцент Кристијан Вулф го открил талентираниот мајмун кога ја посетил зоолошката градина со својот син.


Се вратил и пет часа го снимал мајмунот. Почнал да свирка чекајќи ја храната, а потоа продолжил и исполнил цел музички сет. Тој исто така и слика како и многу други мајмуни. Цд-то се очекува во продажба да излезе на лето.