Орангутанот Сибу со своето однесување ги излудува вработените во холандскиот резерват за примати Апенхул Парк. Имено, тој одбива да се пари со женки орангутани, а сексуален интерес покажува единствено кон тетовирани русокоси жени.

Кога пристигнал пред две години, вработените во паркот се надевале дека Сибу ќе стане„мажјак за парење“, но тој воопшто не се труди да ја прифати таа улога затоа што „женки орангутан не се негов тип“. „Или ги брка или ги игнорира. Во секој случај не го прави тоа што треба“, велат од управата на паркот.


Орангутан кој се пали на русокоси

Наместо тоа Сибу се пали на жени, посебно плавуши кои се вработени во паркот. Според зборовите на стручњаците вработени во паркот, тоа е честа појава кај орангутаните, но Сибу има посебен фетиш на тетоважи и луд е по тетовираната плавуша вработена во паркот која се грижела за него. „Често орангутаните може да се заинтересираат за некои детали. Изгледа дека Сибу се интересира за тетоважи“.

Но вработените во паркот не се откажуваат од намерата 31-годишниот  Сибу конечно да добие потомство со некоја од припадничките на неговиот вид. Тоа не значи дека женките орангутани ќе носат перики и тетоважи, туку Сибу ќе биде преселен во Честер, Англија, каде повторно ќе се сретне со својата стара љубов-орангутанка за која покажувал одреден интерес додека живеел во Англија.  

Ј.М.