Американскиот актер Џорџ Клуни не го напуштил својот дом од март, бидејќи стравува дека неговиот син кој има астма може да се зарази со коронавирусот.
Клуни рече дека тој и неговата сопруга Амал имале среќа што имаат голема куќа надвор од град.
Двојката ги има тригодишните близнаци Александар и Ела. Момчето има астма и може да има компликации ако се зарази со Ковид-19.
Оваа година беше тешка за сите. Почна лошо и продолжи така до неодамна, изјави актерот во интервју за „Гардијан“.
Сопругата на Клуни, Амал, е адвокат со специјалност заштита на човекови права. Двојката се венча во Венеција во 2014 година
OhridNews