Овој меч ќе биде тежок бидејќи тие се во супер форма. Ја анализираме нивната игра, тренираме, се подготвуваме, се надевам дека салата ќе биде полна и заедно ќе победиме, вели левиот бек на ГРК Охрид Теимураз Орјоникидзе пред натпреварот со Алкалоид.

Ни требаат бодови за да бидеме во топ три и нашиот план е да бидеме во топ три, за во Плеј оф да имаме повеќе поени кои се многу важни за нас и ќе направиме се за победа. Рибари се осмиот играч на теренот, тие се многу важни за нас, секогаш го слушаме нивниот силен глас зад нас и би ги замолил да продолжат така и ќе победиме заедно, посочува Орјоникидзе.

Натпреварот ќе се одигра во сабота, 16 ноември, во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 18:30 часот.

OhridNews