Во рамки на третото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид гостуваат во Скопје кај екипата на Вардар.

Знаеме дека ќе биде тежок натпревар, но ние сме подготвени. Имаме неколку повредени играчи, но тоа нема да не спречи да го дадеме најдоброто од себе, вели левиот бек на ГРК Охрид, Теимураз Орјоникидѕе.

Натпреварот ќе се одигра во салата „Јане Сандански“ во петок со почеток во 18 часот.

OhridNews