По триумфот над Вардар Јуниор, ракометарите на Охрид целиот фокус го насочија кон следниот ривал во Супер лигата екипа на Работнички.
„Гладијаторите“ со играње фудбал во опуштена атмосфера се подготвуваат за најголемото дерби сезонава во елитата.
„Романтичарите“ се една од двете екипи која успеа да го совлада Охрид сезонава, а тоа пак е мотив повеќе за „сино белите“ кои горат од желба за победа.
Натпреварот се игра в сабота во 19 часот, а цената билетот изнесува симболични 30 денари.
Мх.П.