Во склоп на неделата на атлетиката , оваа година за промција на новопоставената патека на СРЦ Билјанини Извори во организација на Сојузот за училишен спорт-Охрид ќе се одржи општински натпревар во атлетика за основните училишта од општина Охрид и општина Дебрца.
На натпреварот ќе бидат застапени следните дисциплини:
– Трчање на 60 метри,во машка и женска конкуренција
– Трчање на 300 метри,во машка и женска конкуренција
– Скок во далечина,во машка и женска конкуренција
– Фрлање ѓуле,во машка и женска конкуренција
– Штафета 4 x 100 метри за машки и женска конкуренција
Најдобро пласираните 8 натпреварувачи во дисциплините трчање на 60 и 300 метри во машка и женска конкуренција ќе земат учество на Меѓународниот Атлетски Митинг Охрид – 2010 – истакна Гоце Тасески од Училишен спорт.
Покрај учениците натпреварувачи на натпреварите ќе земат учество и деца волонтери кои на најразлични начини ќе помагаат на натпреварите.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com