Ибраничките на селекторот Гино Стрезоски натпреварите ќе ги играат во Ниш, а во групата Македонија се наоѓа уште со Франција, Данска и Шведска.
– Многу ми олесна кога слушнав дека Јулија Николиќ ќе се врати на располагање на селекцијата. Без неа, Новеска и повредената Елена Ѓеоргиевска ќе ни беше тешко да се спротиставиме на противниците во групата. Самодовербата и оптимизмот повторно се врати во селекцијата и со нетрпение го очекуваме стартот на ЕП – потенцираше Мирјета Бајрамоска.
На нешто повеќе од една недела до стартот на ЕП, селекторот Гино Стрезовски има комплетна слика за селекцијата, но сеуште се нема одлучено за 15-те најдобри ракометарки кои ќе го бранат националниот дрес.
На турнирот во Киев, Македонија претрпе три порази, но настапи без повратникот во селекцијата Николиќ.
– Ќе беше супер ако Николиќ ни се придружеше во Киев. Но добро е што ја имаме за Ниш. Со нејзина помош во нападот ќе ја растеретиме Бајрамоска и Црвенкоска и ќе имаме опција плус во нападот – посочи селекторот Стрезоски и додаде : Нападот е мошне ефикасен и разноврсен, но одбраната е таа што ги добива мечевите. Треба да научиме да играме брз ракомет, да се трансфорираме брзо во одбрана што ќе ни овозможи полесни голови во нападот.
Македонија премирата на ЕП ќе ја има против големиот фаворит селекцијата на Франција, потоа следуваат мечевите со Данска и Шведска.