На жените кои имаат оптимистичен поглед на животот им прети помал ризик за болести на срцето и смрт, покажало истражување. Оптимизмот има силно влијание врз здравјето, покажало истражување спроведено на речиси 100 илјади жени, додека песимизмот е директно поврзан со зголемено ниво на холестерол во крвта и зголемен крвен притисок, покажало истражување спроведено во САД.
Без оглед на останатите фактори на ризик, оптимистичните жени во набљудуваниот период од осум години имале 9% помал ризик за болести на срцето и 14% помал ризик за смрт од било која друга причина.
Истражувачите од Универзитетот на Питсбург веруваат дека добиените резултати е можно да се објаснат со поврзаноста на оптимистичниот став и успешната борба против потешкотиите до кои доаѓа поради нарушеното здравје.
Покрај тоа, оптимистичните жени во просек биле посклони кон здравите животни навики и физички вежби, па последично имале помалку потешкотии со вишокот на килограми, додаваат научниците.
извор: metro-portal.hr