Министерот за спорт во италијанска влада Виченцо Спадафора внесе голем оптимизам околу продолжување на Серија А и останатите спортски активности во Италија. Според, Спадафора како опција се зема 4 мај. До тогаш треба пандемијата на коронавирусот да се стабилизира и да се создадат услови за спорт.

Се појавуваат знаци за подобри времиња, но состојбата се уште е драматична. – изјави Министерот Спадафора.

Мерките за борбата против коронавирусот ќе траат до 3 мај и затоа на 4 мај можат екипите да се вратат на терените. Најверојатно првите натпреварите ќе се играат без публика.

Во Италија како последица од коронавирусот починаа речиси 19 000 лица.

OhridNews