По минималниот пораз на ГРК Охрид на отворањето на сезоната во Суперлигата против екипата на Бутел, Охрид утре ја пречекува екипата на Прилеп на домашен терен. На денешната прес конференција по повод утрешниот натпревар оптимизам во редовите на ГРК Охрид.
Утре ни доаѓа екипата од Прилеп која воопшто не е за потценување. Составена е од неколку искусни играчи и млади играчи кои сакаат да се докажуваат. Имаат добра транзиција и треба да изиграме добро во одбраната, со лесни голови, полуконтра, да покажеме дека сме фаворити на овој натпревар. Ние сме фаворити на овој натпревар и мислам дека тоа ќе го оправдаме и дека ќе дојдеме до трите бодови на овој натпревар. Оваа година скоро целата екипата е со нов росер, треба малку време да помине да се воиграме, да има помалку технички грешки за подобри резултати, рече пивотменот Иван Тасески.
Како екипа, рече Тасески, споредбено со минатата година сме подобри, но времето ќе оставиме да покаже.
Левото крило Хазеин Рустамов, кој во тимот доаѓа како поранешен играч на Прилеп, рече дека ги очекува интересен натпревар со искусни и добри ирачи
Се надевам дека ќе го одиграме натпреварот како што планираме. Ние сме фаворити на утрешниот натпревар и имаме многу квалитетни играчи кои можат се да направат за тоа да имаме три бода утре. Атмосферата во екипата е нормална по натпреварот со екипата на Бутел, бидејќи беше прв натпревар, нова екипа сме и имавме многу грешки. Ни треба малку да играме заедно. Заради непотребни грешки изгубивме со еден гол разлика. Но, ги чекаме сега на домашен терен за реванш натпревар. Можеме, многу добра екипа сме, имаме квалитет и добри играчи и беше голема грешка што изгубивме, додаде Рустамов.
Натпреварот меѓу Охрид и Прилеп се игра утре во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 19:30 часот.
Н.С.Ј.