Меѓународната регата која претставува своевидна премиера на Светското првенство во Оптимист, учестувваа 115 едриличари од 9 земји и тоа: Македонија,Турција, Бахреин, Романија, Србија, Бугарија, Данска, Израел и Русија.
Боите на Македонија ги бранеа шест наши едриличари од три клуба.
Ова се резултатите кои ги постигнаа:
Класа Оптимист- генерален пласман:
Димитар Поп- Стефанија од ЕК АМАК СП- БОФОР- Охрид – 53 место
Кирил Мирчески од ЕК СНЕГАР- Струга- 66 место
Димитар Манчев од ЕК АМАК СП- БОФОР- Охрид-89 место
Димитар Чатороски од ЕК СНЕГАР- Струга 107 место
Класа Оптимист- женска конкуренција:
Елена Ставреска од ЕК СТРМЕЦ- Охрид 27 место
Двајцата наши репрезентативци Ердал Љушо и Димитар Поп- Стефанија, продолжија со своите припреми во Истанбул, а потоа заминуваат за Чешме, Р. Турција каде ќе земат учество на овогодинешното Светско Првенство за Опимист кое ќе се одржува од 14-25 јули 2008.