Три златни, една сребрена и три бронзени медали е резулутатот на одличниот настап на охридските едриличари на меѓународната регата „ Софија 2008 “за Оптимист и Ласер 4.7  која се одржа на езерото Искар, Р.Бугарија.
Деветчлената македонска експедиција составена од едриличари од клубовите АМАК  Сп Бофор и Стрмец настапи во следниот состав :
Ставреска Елена, Димитар Поп- Стефанија, Трпоски Добре, Мартина Каневче, Дамјан Поп- Стефанија, Љупчо Бојаџи, Бојана Радеска, Луана Андоноска и Александар Димески.

„Оптимистите“ уште еднаш докажаа дека полека но сигурно го завземаат приматот во едрење на Балканските простори.

Резултати:

Генерален Пласман
1. место Димитар Поп- Стефанија
3. место Добре Трпоски

Женска конкуренција
1. место Мартина Каневче
2. место Елена Ставреска
3. место Луана Андоноска

Во категорија до 12 години
1. место Радеска Бојана
3. место Александар Димески

ohridnews