Жените склони кон оптимизмот имаат поголеми шанси за усвојубање здрави прехрамбени навики, објавиле американските научници од универзитетот Аризона. Списанието “Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics” пишува и дека оптимизмот е поврзан со поголемите шанси дека испитаниците ќе послушаат совет на експертите за потребите за корегирање на исхраната.

Новите наоди се собрани од околу 34 илјади испитаници стари од 50 до 79 години. Научниците, исто така, додаваат дека оптимизмот е поврзан со посилна самоконтрола во погледот на исхраната. Истражувањето покажало и дека оптимистичните учесници во истражувањето полесно наоѓаат начини за борба со стресот кои не вклучувале конзумација на храна.