Трката за опстанок значително ќе биде олесната за ракометарите на Охрид во Супер лигата откако екипата на Овче Поле автомаски испадна по ненавремето префрлување на клубот во Акционерско друштво.
Претпоследниот на табелата во плејаутот ќе игра бараж натпревар за опстанок со второпласираниот од Првата лига. Охриѓани трката за опстанок ќе ја почнат со 14 бодови, а со победи во четирите натпревари пред своите гледачи опстанокот нема да биде доведен под знак прашалник.
Токму тимот на Овче Поле беше извлечен за противник во првата рунда за охридските бели. По новостанатата ситуација „гладијаторите“ во премиерното коло ќе бидат слободни, а во второто на домашен терен ќе ја пречекаат Преспа.
Во третата рунда избраниците на охридскиот стратег Андоновски ги очекува пеколно гостување во Радовиш, а во четвртото противник им е Текстилец во спортската арена „Билјанини Извори“
Првата фаза од плеј аут лигата охридските ракометари ќе ја комплетираат со гостувањето во Куманово против истоимената екипа.
Натпреварите за опстанок почнуваат на 12-13 април, а охриѓани стартуваат викенд подоцна бидејќи во првото коло се слободни.
Во разигрувањето за титулата во македонскиот ракометен шампионат Вардар и Металург натпреварите ќе ги одиграат во првата односно шестата рунда.
Мх.П.